ја (зам.) - чисти (гл.)

Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето одново почнаа да си идат и да си одат на гости, чупите одново почнаа да ја чистата Латинска Црква, момчињата одново почнаа да одат со овците и во полето и в црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ти така мислиш! - му се вдаде инструкторот. – Ама секогаш да знаеш дека пушката треба да ја чистиш ... да болска од чистота.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја чистам, по малку ја окопувам. Не оди без офкање – се тешам дека е добро за линијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Промуќурната Рада однапред го знаеше секој потег на Ружа, пред да ја скине китката таа прво ја чистеше од трњата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
До доцна во ноќта ја средуваше твојата пушка и ја чистеше со некакви средства, бришеше и светнуваше со специјални крпи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таков е тој, за него сѐ да е чисто, сѐ на свое место и сѐ на време.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Кога таа така ги чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Лекарите ми ја чистат, го требат месото скапано и пак во гипс ми ја повиваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кутриот татко морал цела куќа да ја чисти, а дури и готвел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа кога ќе го видеше Илка каде што ја заклучува вратата, ќе му речеше: - Штом ја заклучуваш одајата, тогаш и сам чисти си ја... И Илко сам ја чистеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)