ја (зам.) - јаде (гл.)

Час подоцна, за тоа ѝ пишав и на Агна: „Луѓето во Маказар, такви какви што се, гневни, а некадарни да го преземат она што треба и во часот во кој што треба, можеби заради долгата историја на исплашеност, се јадат меѓу себе како шкорпиите што си ја јадат сопствената опашка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стигнав во Бутел. Во капелата. На одарот беше Вангел Скендеров. Вујко ми. Им се придружи на Димитар, Софија и Пане Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Црвеноперката и овде ја викаат така, поправо повеќе ја јадат одошто ја викаат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КОТЕ: Да сте живи, да ви ја јадеме свадбата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислеше само дека тој никогаш, воопшто никогаш, воопшто не и не и не би можел да се граба сега по таа зашеќерена пченица и да ја јаде неа, не дури ни сега, кога се работеше; за еден туѓ татко. Не. Никако. Никако. Избега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега се гледа. Сега само продолжуваа да се гледаат, а мечката, сфаќајќи дека тој може и на тоа растојание да ја јаде, стоеше на голината, далеку од секакво засолниште на белиот бришан простор, погодена и расколебана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам точно кога го донесе, не думам, ама тогаш многу го карав Ангелета: - Што ќе ни е куче, бре, му велам, кучиња главата да не ти ја јадат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, ден за ден ми се топи девојчето. На конец ѝ виси душата. Нешто ѝ ја јаде снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали се прашуваат кај ќе ги напрчат нозете, кој ќе им ја јаде пченицата, кој ќе им го посети гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе одев и кај што змиите гризат железо, нема мака за мајка, мачки да ја јадат, нема мака за живот, си мислам, ама пуста јас, вака само ќе ве гледам како ми бегате од раце, сѐ посама ме оставате, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас го изведувам телето, а кравата рика по него, пуста мајка, мачки да ја јадат! Рика, дали рика од пондилата кравата, а телето ѝ се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја јадеше јанѕа, немаше никаква трага каде би можела да го најде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонцето сјаеше на ситните зелени ќерамиди на павилјончето во градината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеше на туѓинецот- градител што умре и на сиромасите што ќе ја јадат неговата печалба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Корнеше и им ја јадеше одерената кожа на поклонениците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Помош и разбирање немаше ни од својата сопствена жена која постојано му ја јадеше душата дека се зафатил со работи од кои нема никаква корист, а само штета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија ја носи на спиење Пела дозволувајќи му на Мурџо да ја лизне по зацрвенетите обравчиња, а потоа Перса го понудува со убава вечера која ја јаде пред врата додека таа му зборува Гледаш?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега фрли ја на полица, на таван, вели, кај сакаш сега фрли ја, нека ти ја јадат глувци, вели, нека ти ја дупат молци, нека ти фаќа пајажина!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме повел некој инает, а во инаетот и солта ја јадеш како шеќер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Е, што би здробил во чајот една попара - вели Јани и покажа како би ја јадел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)