ја (зам.) - неа (зам.)

Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Завиваа, воопшто не нарушувајќи ја ни со својата писната бол оваа црковна тишина, чиниш и надополнувајќи ја неа, дива и нефатлива, а потем зедоа и да се приближуваат, довикнувајќи се и извабувајќи се на таа месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе го чуеше нејзиниот глас Тој го навиткуваше големиот часовник Кој точно на пладне биеше свечено довикувајќи ја неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Не мери ја неа на вагата, - му велеа луѓето, - туку мери ѝ ја храната што ѝ ја даваш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој рече: - Стави ја неа в појас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На одење ќе застанеше на улица, ќе се свртеше, Му затреперуваше срцето гледајќи ја неа како им се радува На омајничето, на ѕвездените, на огнот на лилиите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)