ја (зам.) - боја (имн.)

Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)