ја (зам.) - порта (имн.)

Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. Не слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа цели два дена се врткаше низ дворот држејќи ја портата отворена ширум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)