ја (зам.) - по (предл.)

„Секогаш можеш за сѐ да ме прашаш, добро?“ ѝ рече таа допирајќи ја по рамото. Таа потврди со главата и поцрвене.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А ти сакаш, нели?“, ја праша милувајќи ја по косата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако се побуни, тресни ја по глава и укради ѝ го ѓерданот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Скицата со податоците стави ја во Волшебното самарче и прати ја по млекарчево.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Онака како што предвиде, нејзиниот сопруг излезе со задоцнување од половина час од својот скромен стан во населбата Хорта за да ги заврши трите договорени работи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една од болничарките ја натера да се врати во редот, полека удирајќи ја по грбот, додека ѝ зборуваше со многу сладок глас: - „Наваму, убавице. Телефонот е ваму.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Но, јас дојдов само за да телефонирам“ ѝ рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)