ја (зам.) - последен (прид.)

Не, не! Не ми го врти грбот и не гасни ја последната светилка... Ќе стојам на крстопатот додека не минеш ти...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Сѐ ова се таканаречените породилни маки при освојувањето на повисоки позиции на општествените скалила“, заклучи заобиколувајќи ја последната соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фрлајќи ја последната бомба, Орце го извадил пиштолот, се исправил на балконот и се самоубил113.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мајка ми, небаре ја следеше сенката на сонот на татко ми, до колку и неа не ја повтасала дремката, ќе дојдеше, ќе ја изгаснеше ламбата, ќе ја оставеше книгата настрана, означувајќи ја последната прочитана страница, ќе го покриеше полека татко ми, за да не го разбуди.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)