ја (зам.) - сега (прил.)

- Одврзи ја сега и остави ја! - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ене ја сега виси закачена на ѕидот. - заврши чичо Никола.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И стави ѝ ја раката врз грбот на кучката. - Мазни ја сега!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)