ја (зам.) - и (чест.)

Погодноста на контекстот се одразува во физичките состојби на учесниците на сеансата, вклучувајќи ја и активноста на автономниот нервен систем (потење, трема, тресење), положбата, брзината и длабочината на дишењето, состојбата на тонусот на мускулите и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Римата е нешто како звуковна потпора која да ја сочува сета структура на песната, вклучувајќи ја и сликата во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Реков дека сум ја спасила сосема случајно; по сослушувањето кај Фисот, тој беше сменет; новиот директор ги беше исфрлил сите нешта од фиоката, вклучувајќи ја и песнарката; сосема случајно минував од кај канцеларијата и ја здогледав. Се наведнав и ја зедов, му реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што сакате вие? А еве ја и неа. Тргнуваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зашто несреќата, ако дојде еднаш, чекај ја и по вторпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тој речиси го гледа старчето како стои едно кусо време, речиси е тука и она негово гласче, ене ја и неговата пониска раменица во завртувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Пикни ја и сега, ако не ти е срам да се пикнеш во мене.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој час ете ја и ќерка му – ручек му носи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
В миг праската блесна во златен сјај, засенувајќи ја и самата месечина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Донеси ми вода. - Добро, Јоне, ќе ти донесам, велам, колку сакаш ќе ти донесам вода, само не пијај отрови, не пусти си ја душата, не пусти ми ја и мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чинам, мачи се, мачи се, така, а мачи ја и Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)