јас (зам.) - вели (гл.)

Јас велам дека многу е важно какво е нештото и по изглед, како е наместено и подредено и дали има складни мерки за окото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас ќе работам, ќе те почитувам, ќе те хранам и издржувам според обичајот на еврејските мажи коишто вредно работат, ги почитуваат, хранат и ги издржуваат своите сопруги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- И јас велам така, - се согласува дедо Иван и тогаш почнува да расправа за руската силовитост во бојот, како го поминале Дунав кога ја ослободувале Бугарија: не знам колку илјади се издавиле, направиле мост од трупови за да мине другата војска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кажи ми ти кај кој ангел сме, која труба ни труби сега? - Јас велам петтата, - одговара Соколе. - Петтата, шипинки!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На крајот јас велам, „Слушај, тука доаѓам веќе 10 години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Да, но таа тоа го прави последниве 25 години. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еј сега, ќе слезам и ќе најдам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат: — Вила, другар, вила! — викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го умири и одговори: — „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние и таму ќе ги крвавиме гаќите дури стојат главите, и тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да ве бараат вам тие овде, јас велам ајде ние ноќеска да ги побараме нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немат, ама вие велите немат, a јас велам имат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа јас велам да чиниме абер еден во Маково, еден во Старавина ноќеска и утре место леб и брави да им се поткаже аскерот откон Острилата... ќе фатат горе „Висока" или „Смечот", ќе се истребат откај нас, ете не сите спасени од бељата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ризично не ризично, јас велам да се вратиме откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да се прашам себеси: имаме ли ние, Македонците, своја автентична национална и културна татковнина? Јас велам - колосална! Како ретко кој друг народ во Европа. Но, тоа е тема на мој посебен есеј...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„А јас велам сонот е она најпрвото што нè придружува, што нѝ шепоти, и трае трае уште…” велел Копаничарот и длабел по месото на дрвото трагал по мечтите, копал по душите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас велам: - Се извинувам... како така... Јас ниту самиот не сфаќам...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многу, вели, навредливо ми е вакви факти да гледам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Што правам, јас велам, да не правиш ти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас велам. Должен си...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А на лицето ѝ пишува: – Што се случи?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои велат дека то не е христијански. А јас велам: не е хумано, не е човечки пред сѐ...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„А јас велам: нека грми, нека лее!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Песната вели, Војната, војната тригодишната, а јас велам, оној кој ја испеал оваа песна не знаел да брои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така велиш? Е, а јас велам: којзнае.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А јас велам дека така не чини... - помирувачки пак рече дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мене, кога ќе ме прашаа чиј сум, јас велам: „На Илија Кираџијата“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако Петре во оваа работа самиот се глави, јас велам да му ја таксаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Значи јас велам дека она што теоремата на Гедел имплицира во врска со формалните модели на умот е следното: ако мора да се донесуваат одлуки тогаш сигурно е дека некогаш ќе се донесуваат и погрешни одлуки.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еден од стражарите ми вели: Стани ма Милке, тука не се седи, а јас велам: Е, баш ми е убаво.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас, пак, седнав да напишам писмо на Мане Шнајдерот, да му кажам дека заминуваме за Кичево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)