јас (зам.) - гласа (гл.)

И сите мислеа дека логотетот и Лествичникот гласале за Филозофот, дека душата своја само тие двајцата му ја дале, милоста благоутробна своја; сите мислеа така, оти предлогот го даде Лествичникот со уста своја и грев беше, хула бесчесна беше дури и да се помисли дека тој не гласал „за“, или дека логотетот не гласал „за“; но само јас знаев дека Лествичникот е погано и лажливо куче, со око побелено, оти знам дека и јас гласав за Филозофот, а мојот глас, третиот, го немаше; а го немаше затоа што Лествичникот беден беше гласал против Филозофот, еднакво како и другите, и најлицемерен од сите нив излезе, оти устата негова предлог даде што го отфрли душата негова, и оти вистина беше дека само јас и логотетот бевме вистинските пријатели на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)