јас (зам.) - забележи (гл.)

Во тој миг девојчето се сврте и јас забележав на нејзиното чело, точно меѓу веѓите, мала шарена точка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Скоро во исто време и чудната жена и јас забележавме дека шарената китајска ваза не е на масичето и дека еден од сламените столови е без својата прекривка, срамно разголем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Требаше да забележам. Не, забележав, а тој забележа ли дека јас забележав?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И продолжи мирно да си го пие кафето, но јас забележав дека станува сè понервозна и знаев дека тоа не е поради „дувнувањето“ на Љубе, туку поради невраќањето на Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почна да се стемнува, запаливме дури и светилка надвор, па навалија мушички и ноќни пеперутки од сите страни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш не сум сакала многу месо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас забележав како од едно мало ритче доаѓаат тројца, Цвета се исплаши и ми рече убаво да се скриеме, а јас веднаш ги препознав тројцата: шнајдерот Мане со другарите Трајче и Милан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)