јас (зам.) - помисли (гл.)

Тој му ја подаде свеќата на Лествичникот, а овој, во суетата своја грозна, ми ја предаде светлината мене, за да не му биде на услуга на Филозофот, втор да не биде, лачиносец да не е, и јас помислив: „Ако. Нека остане светлината Негова кај мене, кога Лествичникот е слеп за да ја познае, а дадена на рака му беше“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така и би: се отстранив навреме од патот на Писмородецот, и се трудев со ништо да не го разгневувам; а кога Филозофот седнуваше на столчето крај логотетот, јас помислив дека можеби е време и јас да кажам нешто, во наша одбрана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некој потропа на вратата. Јас помислив дека е татко ми и истрчав да го пресретнам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- А јас помислив дека сакате да ви ги отпишам долговите, вели Доксим Тренчески и се дуе во образите, ко предојдено тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)