јас (зам.) - почне (гл.)

Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Минаа дни и јас почнав често да се јавувам пред задниот влез на театарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напати ќе додадеше: „Ти порасна а јас почнав да се прашувам: каде исчезнало од собата моето дете? Затоа и оставам гласот да прошета. Некој за да ми се одѕве!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Да, јас почнав да го чувствувам животот вистински.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа Марина веднаш ја смени темата на разговорот, а јас знаев дека ѝ е многу тешко да зборува за ова за кое јас почнав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Видов еден пар, изразито панкерски во таа толку конзервативна средина и јас почнав да се “вселувам” во непознатата девојка со магента коса.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отидов во зоолошка градина. До тогаш веќе носев замислено бебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека да падне ноќта, веќе го имав целиот расказ на четири касети и бев вон себе од радост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За атер на вистината, ќе ви речам дека и јас почнав убаво да се чувствувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Без оглед на нивните врескавици, јас почнав да си ги читам белешките, свртувајќи се точно кон неа, кај љубопитно ги рашири и онака големите очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И дојде неделата, црна и пуста, и јас почнав да се превиткувам. Од рани зори почна да ме ора, да ме кине, да ме корне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш Здравко се насмеа и јас почнав да го тепам: по глава, преку очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Плажата беше пуста и јас почнав да плачам на глас и да те барам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ПАВЛОВНА: Ете, се разбира: ако јас почнам нешто интересно да раскажувам, веднаш испаѓа дека е тоа само моја измислица. (Излегува со цвеќињата.) РЕВШИН: Па, што да се прави - тоа е судбина на сите автори!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа го правеше толку успешно што јас почнав да се јадам себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А, кога тие почнаа да ги користат фотографите, јас почнав да ги излагам своите дела.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас почнав да редам: ваму и ваму и ваму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: На тоа мора да се стави крај. СОЊА: Кој ќе го стави крајот? Ти? БОРИС: Јас! Јас почнав, јас ќе завршам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас почнав да се распрашувам и накрај, дознав дека тој повеќе е во кондураџиството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој отиде во темнината, а јас почнав да трчам со позабрзан чекор и едно време се споивме со првиот дел од колоната.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се танцуваше, пееше, без некоја валкана љубов, во оро игравме заедно со машките, контактиравме со писма и почнавме да танцуваме машко со женско и јас почнав да играм со машко, иако ми беше страв од татко ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас почнав сама, планот ми беше да го извадам крстот од гробот, за да не биде како другите мртви што имаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој нè виде и јас почнав бргу да размислувам што да направиме, па ѝ предложив на Цвета: Слушај, полека да му пријдеме и да му ја земеме пушката, а таа ми рече: Не Миле, ако нè собере ќе нè врати пак дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По една година јас почнав да играм и да пеам по седенки, иако во душата мајка ми не ми беше прежалена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас почнав да верувам. Само така ми беше полесно да живеам без Мила. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден ден многу го барав низ мислите Игбал. Не доаѓаше. Ни трага ни глас од него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За жал, со текот на времето, како сѐ почесто и почесто се гледавме и се дружевме бидејќи навистина ми се допаѓаше, јас почнав да размислувам за врска.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
После таа голема депресија, со доаѓањето на пролетта како секое живо суштество и јас почнав да се будам и да ми се враќа желбата за љубов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)