јас (зам.) - прави (гл.)

Мојот загребски забар со “природен талент да задава болка” пред неколку месеци ме прашуваше што тоа јас правам во неговата ординација, то ест зошто не сум на - фронт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во моментот кога ќе треба да се најдам во првите борбени редови, јас правам свадба…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
„Знаете“, рече широкообразестоит. „Кога Едо ја правеше куќата. Тогаш јас правев една скала и ми требаше едно парче железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нормата е 500 грама, а јас правам 300.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во следните години јас добивав бранови од возбудување на помислата за „наследување” на дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немав никаква идеја во тоа време дека јас правев интерпретации на татковиот трансфер од дедо ми на бог и на шефот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)