јас (зам.) - продолжи (гл.)

Видов- не видов, јас продолжив: - Земјата ја затворивте. Станавте најизолирана држава во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако А.А. наздрави, јас продолжив: - Маркс и Енгелс беа ценети филозофи во XIX век.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас продолжив: - Во основа – руската пролетерска револуција беше самата религија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се случи вака: јас, за да се покажам подобар од Земанек (иако првпат седнував на мотоцикл), одеднаш притиснав на гаста, и веќе следниот миг предното тркало на мотоциклот се крена во воздух; газдата вресна, скокна, се исплаши, но ништо не се случи: јас продолжив да возам само на задното тркало без никаков проблем, и така возев неколку минути, на рамниот дел од патеката, напред и назад!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас продолжив: - Што можеше друго да се очекува: Се појави Партијата со својата месијанска улога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас продолжив охрабрен: - И така другар А.А., комунизмот настапи во историјата не само како нов политички режим, како нов социјален поредок, но и како нова религија која ги негираше сите други верувања.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас продолжив да го гледам. Се трудев да не биде тоа презрив поглед, туку само прибран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)