јас (зам.) - рече (гл.)

Кога дојде на ред за камбана, јас реков, од мене ќе биде, како и бунарот, ќе кажам и за тоа, и самиот отидов дури до Лариса, кај браќата Грегоријади, ја порачав камбаната и се донесе, дури уште не беше ни изградена камбанаријата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вода, се констатира уште еднаш, ќе мора да се влече не од падините на Сината Планина, од дарванскиот крај, што беше далеку позгодно, доколку овие води не беа узурпирани, туку од западната Билга Планина. Јас реков: Влечете, сечете, уривајте!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас реков брзо да се врати човекот што тргнал, ако навистина тргнал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас реков бунар да се ископа в село, зашто таму вода беше потребна уште повеќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас реков: десет улоги? а тој рече: Да!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше феноменален - Voice напиша вистинска критика за него”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме прашаа и мене дали сакам да бидам во емисијата, но јас реков: Не.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А јас реков: а мојата баба има бар, мило ми е.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И плакатите ќе ги отпечатам - мајка ми има печатарска преса!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури и ветив и дека ќе дојдам со неа и дека ќе бидам во публиката како поддршка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш им ја понудив Бригид наместо мене и ја убедив да оди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едно попладне, додека го снимавме Imitation of Christ, во Фектори упадна еден тип со име Пол Соломон, кој рече дека е во лов на таленти за „The Merv Griffith Show”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со неспокоен и несигурен глас ја наруши Веле тишината: - Вујко Аргире, јас реков, да поговориме малку за мојата работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш јас реков, ”Секако дека постои, но ние не сакаме Уставот да дискриминира.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, јас реков: „Тоа е тоа. Времето е стигнато. Ајде.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас реков: „Земанек, јас и до сега бев циркузант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- јас реков, не можејќи да го скријам нетрпението што побрзо да си тргнеме кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Погоре, кога зборував за неуспехот на Востанието, јас реков оти неуспехот се должи на неговата парцијалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива за напред На првото заседание на Бугарското студентско друштво во Петроград од оваа година јас реков неколку збора за резултатите од сегашното востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Долго молчевме. Потоа јас реков: - А Ниривина, што стана со неа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти рече „сенка“, а јас реков „детенце“, и тогаш влезе мама. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 203 А.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Завет Пред да ми се отвори морето проговори: завети си нешто Јас реков: Поезијата, ме знае Тоа: Не, таа трае Јас: Љубовта, ме уби Тоа: Не што не се губи Јас: Среќата, ме нема Тоа: Добро, ќе ја земам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога секретарот на организацијата побара објаснување во врска со изнесените обвиненија јас реков дека се извинувам поради истакнатите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив дека таа истото го кажа пред мене, ама немав како да ѝ докажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако си замина јас реков дека навистина не е во ред нешто со сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас реков“, шепна таа. „И мене тоа ми било пишано. Само манастир ме пере.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)