јас (зам.) - седи (гл.)

Јас седев во инкубаторот на памук. Повеќе ништо не паметам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Човекот со кого јас седев, кога мислеше дека работата узреала, пак го викна оној лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Седеа на мојата маса (или јас седев меѓу нив).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми беше тешко што јас седев дома, а ти, болен, одеше на работа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас седев мирно на столот и гледав пред себе. Чувствував мала јанѕа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе беше ноќ, јас седев под млаката светилка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Долго молчевме. Јас седев како здрвен, а тој стануваше и седнуваше, неколкупати го правеше тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А јас седам и веќе го шмркам моето второ кафе, додека пепелникот се преполнил со пикавци со иста боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Земанек возеше, а јас седев одзади на мотоциклот; Земанек постојано повторуваше: „Ова мора да се претвори во пари човеку, ова е чудо, какви планови, какви печурки, ти си златното јајце, ова мора светот да го види, човеку!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога сум премногу радосна мене ми се случува и да скокам, и да рипам неконтролирано, а таквото нешто во овој случај можеше да биде и навистина опасно, оти јас седев на килимот врз мојата работна маса, таа пак е веднаш до прозорецот кој во тој момент беше широко отворен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој седеше и гледаше во мене, јас седев на креветот и гледав во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја подготвуваме новата програма, а јас седам вака, настрана: си го чекам редот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На бината проба хорот, а јас седам. До мене седна и Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ваша ли е зградава? - Наша. – вели Зоки, па и тој почнува да се чуди. – Јас седам на четвртиот кат, а Лидија под нас.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мони не се симнуваше, иако јас седев во песокта и ја чекав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега ми изгледаше уште поголем и уште пострашен од порано, затоа што бојата му беше светлоцрвена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)