јас (зам.) - седне (гл.)

Решив на мама да ѝ раскажам сè и да ја замолам таа да дојде со мене кај директорот. Така сторив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веројатно заради тоа не зборував со тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еве, дете е, ама убаво ти објасни“, му вели стрико Борис нему откако јас седнав на местото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така стоејќи некој ми даде едно симитче и јас седнав до неа и скршив од лепчето и ѝ ставив на устата велејќи и – на мамо! Целата ја направив со ронки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мама пеглаше во кујната а јас седнав на моето столче и како секогаш со дланките си ја потпрев главата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој ми покажа со рака да седнам, и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)