јас (зам.) - сети (гл.)

Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Шината, повеќе за себе, рече но јас сетив прекор во нејзиниот глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)