јас (зам.) - треба (гл.)

Јас треба на сето тоа, да ставам некаков ред! Но како?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Глупост! Нема поголема глупост од ова што мене ми се случува. –Зборуваше Владимир, бакнувајќи го почесто работ на стаклената чаша –Ниедна слика не ми се продава а јас треба да продолжам да творам! На која тема?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Напиши ама после јас треба да испаднам виновен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И тој сега ќе прави давија 10). Јас треба да плаќам глоба 11).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неговото сомнение јас требаше да го земам предвид, зашто тој имаше искуство, беше главен копач на гробови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас требаше да наредам да се продолжи со работа, но продолживме дури откога се возбудивме и се напивме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој постапил според наследената ука, а јас, се сеќаваш ли, кога ти еднаш се пожали дека ти е многу лошо, и кога јас требаше итно нешто да сторам, првото што го сторив беше: извадив векна леб и ти ја подадов! Зошто? Зошто векна леб?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Втора работа што јас требаше да ја направам е да му дадам на Ерик лекција што ја давам на секоја суперѕвезда кога ќе осетам дека станува премногу зависна од мене и од моите пари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прва работа што требаше да ја направиме штом стигнавме во Лондон беше да ја платиме Ериковата сметка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еве сега е јуни, гимназијата се распушта, а јас треба да одам в Белград на испити.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ако ти, дедо Димо, не си се мрднал од оваа планина, велиш ли дека и јас треба да останам закован за неа?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас треба да ги донесам, да им помогнам. Ете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ама јас треба да си одам! - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Јас треба да учам. А ти си мал и не одиш на школо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекај, кога ќе подразмислам, јас треба да го предавам предметов.“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изабел ми објасни дека јас треба да се грижам само за најмалиот син Патрик, а за другите момчиња само кога ќе доаѓаат дома преку викендите и за празниците.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога Бертран веќе го немав јас требаше да се грижам сама за синовите и нивната иднина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зборувајќи за неостварените книжевни стремежи на својот татко, Борхес во својот “Автобиографски есеј” напиша: “Од времето кога бев момче, кога слепило го снајде мојот татко, премолчено се подразбираше дека јас треба да ја остварам книжевната судбина којашто околностите му ја одрекоа на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од мене се очекуваше да бидам писател”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше нешто земано здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно подоцнежно интервју, тој опширно зборува за судбината што му е доделена: “Мислев дека сум роден за писател, но сега гледам дека не било така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако мирисот на запршките е само плод на моите соништа, тогаш јас треба да сум среќен човек затоа што имам таква можност да го почувствувам мирисот на соништата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наместо да стојам пред сликарско платно, интуитивно работејќи со боите, јас треба да напишам математички код за да реализирам еден поим во облик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Значи, јас треба да клекнам на колена и по 25 години заеднички живот да те прстенувам и побарам за жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, фала ти, му велам, значи јас треба да одам нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со умилкување, низ едвај забележливи кругови, главата си ја положив на топлото меѓу двете нозе, барајќи го со усните јазичето за да го изделам од вжештеното месо и да го апам, не заради апењето на тој усвитен дел од најженското на Ема, напрченото меко јазиче на кое се радував кога и ги кревав нозете до рамена за да го гледам тоа, како што таа ми велеше тогаш, црвеното кикиритче на црното јариче, туку со предумисла за да се изгуби трагата на она што го кажав (или сакав да го кажам) оти ми се причини дека тоа е бесмислено, дека ниту таа заслужува празни зборови, ниту јас треба на ваков начин да ѝ продавам памет на жената која ме сакаше и ја сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е мој живот кој јас треба да го живеам и нема сила што ќе ме натера да постапам поинаку. Јас со грчкио конзул не се мажам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Да, така. Методија не можеше да дојде во куќата и да поседи подолго, а јас требаше веќе да знам до каде се работите на гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите пари јас треба да ги држам кај мене. Јас, ми се чини, разбрав што кажува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште во оние, најубави години, јас требаше да го видам дефектот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ТРОШЧЕЈКИН: Љуба, не може да биде, ова ти да го зборуваш сериозно, зашто инаку, според тебе, се разбира, јас треба да сликам за моето чудовиште, за мојот солитер, само за него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
СИМКА: Страв ми е... Што ќе рече светот?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Мене, Костадине, ме купуваат, јас треба со љубов да платам! Не давај ме, Костадине!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сфати ме еднаш, сега, кога молиш: во мене се пропина млад бик и ме черечи со рогови, ме разбива со копита, и јас треба да сум вешт за да го совладам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Знаете, - рече, - Сепак, јас треба да застанам пред него. - Ти си знаеш, - рече ротниот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А притоа знаеш дека ниту јас сум професорот ниту пак ти се наоѓаш на испит по знаење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веројатно сум бил насмејан во моментите додека во сонот заклучував дека јас треба да бидам тој кој ќе ѝ помогне на Загорка Пеперутката да полета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, - рече Луман. – Јас треба да не знам за тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ТРИЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС И КЕВА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Земи го, Спиридоне, за твоите колчишта е арно, а јас треба ново да купам. (Наместува крагна и машна.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И јас треба да си најдам куче, помислуваше тогаш Дончо, големо и лошо, па да видиме тогаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А јас треба да се вардам и од кој народ ќе се кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дали ова треба да значи - се вмеша Кикицас – дека сето тоа токму јас треба да го обезбедам?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Токму затоа и за многу други работи... - дедо не се доискажa заради кои други работи јас треба да учам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се обидов да му кажам дека убивањето на птиците е злосторство, нискост, некултура, а тој ми рече дека јас треба да си ја гледам работата и дека од десетте убиени птици светот нема да пропадне!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Утредента отидов во Кавадарци да му се јавам на Мане ако може да дојде да се видиме, а тој ми одговори со телеграма дека јас треба одам кај него во Охрид.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Првпат се сретнав со нив, но чувствував обврска зашто во текот на целото време во партизани, татко му на Мане ми испраќаше пари.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А, не, во ред е реков, само не знам како ќе се чувствуваше ти да беше на моето место, јас треба да учам сега, а вие останете си со здравје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)