јас (зам.) - трча (гл.)

Јас трчам напред, жената по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас трчам напред, а курирот Цветан по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па јас трчав со сликата по нашата пропаст. Само ти, Господи, ме задржа. Леле, пуста јас, црна јас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас трчам кон грнот, а гранатата трча над мене, ме прелетува и гровнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас трчам да ја спасувам архивата на НОФ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)