јас (зам.) - чувствува (гл.)

Тетка Рајна помолча и јас чувствував дека не е сигурна како треба да ми одговори.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сѐ во целиот кварт, и во хотелов овде, беше глуво и јас чувствував нејасен страв.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А јас чувствував: одам под рака со добрата намера но по згрешен пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев дека БС нема да ме сфати. Затоа и толку пребирав по зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За два-три века, колку што бевме во домот, за тоа кратко време, јас чувствував дека сите ние остаревме за многу, многу илјади години.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Воопшто, како неопходна последица на оваа љубопитност станува репутацијата, што градоначалникот ја стекнува, дека е добар познавач на срцето...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прикажувајќи го изнесеново погоре, јас чувствувам дека си го извршив долгот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)