јас (зам.) - јаде (гл.)

А следниот ден пак истото се случуваше, што и да смислев, што и да направев, беше погрешно и јас јадев ќотек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислиш дека јас не можам да го изедам?! Еве, и јас јадам!“ И јадеше!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ама јас јадев сладолед, ми купи татоооо, - се пофали. - Сега тоа не е важно, - ѝ реков.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А Љупчо, каде отиде?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Седевме двете на терасата под лозницата, таа го пиеше кафето и пушеше „сто цигари во минута”, а јас јадев лубеница и мислев што да сторам и како сето ова ќе заврши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)