јас (зам.) - ве (зам.)

— Е, камо пушки, де? — праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече: — Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот. Море јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи: — Елате де да ве вида шо мажи сте?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас сум... - Генерал Кикицас. Јас ве познавам, генерале... Од офицерската школа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
За вакви проекти, обично има еден процент учество од Месната заедница, но во овој случај, јас ве ослободив од секакви обврски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога Едо и Петра останаа сами во просторијата, тој рече: „Па сега и мене ми е дојдено времето. Само јас ве задржувам!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас сум сила што руши. Поулавете од страв и малодушност, јас ве презирам!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој доаѓа кај мене. (Излегува.) 188 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ЕЛЕОНОРА ШНАП: (На Вагабундова) Колку јас ве разбирам!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или јас ве чувам и ги контролирам вашите посетители, или јас си одам, а вие примајте гости...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но јас ве видов, велам, и вас ве видов во огледалото...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ве лажам. Татко ми никогаш не рекол за вас дека сте „примитивец”. Напротив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вие ме раните, а јас ве лаам. (Борис почнува да плаче.) Вие цел живот се борите за мое добро, а јас не сум свесен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас ве разбирам, убаво ве разбирам. Но животот наметнува приоритети...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треба да се надополни изгубеното во иницијалната струка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ве познавам - Вие сите ги познавате, се согласи тој. - Сите, реков, - сите ги познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Знаете, јас ве помешав со некого. Немав намера да ве повредам ниту да избегам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас Ве прифаќам дека налудничави, мушичави сте...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И еве, додека вие спиете, си играте, учите, јадете; додека вие се радувате, се лутите или плачете, јас ве замислувам, јас ве гледам во моиве мисли и ги водам овие разговори со вас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И еве, септември е сега, онаков, училишно убав, а јас ве прозивам в мисли со тивка тага и љубов.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)