јас (зам.) - ви (зам.)

— Ами јас ви кажа, ефенди, за овчарите мои, за татка ми, и за децата мои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, кажуј каде се комитите, та не продавај маслава ти тука! — се издере сега онбашијата сиот претворен во ѕвер и почна со двете нозе, едно за друго, да ги клоца: и Бојка и стариот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу неволи ни направи, вели Костадин Дамкоски, а ние во писмото до султанот него го бараме за да ни биде свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој поп голем шмеќар е. Се слуша тие го отепале и стрика Анѓела Јанчески, ама оти вие велите дека стрико Анѓел си умрел од своја смрт, јас ви верувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие се исклучени заради политика и јас ви велам не е точно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ве повикав да ми простите, како што и јас ви проштавам вам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последниве денови, често си правам биланс на мојот однос кон животот: иако и татко ти и ти постојано зборувате како сè е онака како што јас сакам да биде, дека јас ви се наметнува, всушност јас отсекогаш сум ви се потчинувала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Покажи ни како да се ослободиме од ова ропство!‘ А јас ви реков: ’Верувајте во Господ Исус Христос и ќе бидете спасени!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А јас ви реков: „Вистина е, се гордееме со вас пред сите Божји цркви, кажувајќи неуморно за вашата непоколебливост и за опстојувањето на вашата вера низ сите прогони и маки низ кои минувате.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас ви го донесов под таа јамка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеш - тој. Самиот призна. И да сакаше, не ќе го спасеше од јамка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: Јас ви кажав „или тој што ме спаси ќе го земам или никој друг“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Среќни да сте мили они, јас ви праќам бакнеж.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакаше да се фати за глава. „Па јас ви објаснив. Зар не сфативте?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас ви тврдам дека Братството постои, но не можам да ви кажам дали во него има сто членови, или десет милиони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
БАРБОШИН: А пак јас ви зборувам дека, моето презиме е Барбошин, Алфред Барбошин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Еве, јас ви се колнам во својата вера, во својата чест и закон дека влакно од главите нема да ви падне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А јас ви ветувам дека, кога ќе ја ослободиме Атина...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас ви велам дека ова ќе потрае... - Прекина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувајте се, јас ви го велам ова, зашто јас го видов и го правев тоа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вие, верувам, не сте размислувале за ова што јас ви го кажувам, не сте размислувале и за тоа кога трошите пари дека тие пари најчесто со напорна работа се заработени од вашите родители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ете, јас ви раскажав две случки од моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
БОРИС: (Ја става главата во скутот на Мира.) Ми удира срцето како да сум на заболекар. (Пауза) Јас ви завидувам. Млади сте.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми напишавте, ти и Мила, дека заедно сте патувале во Гоа и јас ви поверував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, брат ми пак, пред тоа, еднаш беше дури и на снимањето на филмот, кај нас во Шутка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво е кога се има таква другарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)