јас (зам.) - им (зам.)

И туку што ме затепаа, јас им се стопорив и тие се витосаа како муви уплашени од опашката на коњот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вака, со моето отсуство, јас им изгледав надмен и дрзок. Станаа гневни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги прашував околните дуќанџии каде се наоѓа влезот на зградата, а тие ми го даваа истиот одговор што и јас им го давав на оние што мене ме прашуваа - дека сигурно е странично, лево или десно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога ќе посакам да има воздух, јас им го кажувам тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Растојанието не ме интересира.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од самиот почеток Били имаше некој вел со кој го криеше сето она што таму се случуваше - чудни фаци влегуваа и прашува: „Дали Били е тука?“, а јас им покажував кон заднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никој ништо не земаше пред мене, ниту видов некого да се боцка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Замолчува и брзо додава: Јас им правам поклон на ајдутите, каков што бил Владимир Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тахир бег, знаејќи за наклонетоста на Јанческите кон него и за да им се оддолжи за Мурата, од благодарност рече Пари јас им позајмив, зашто се добри и вредни раетини и зашто сакам да ги ослободам од чифчифството, а Максим Акиноски рече Нешто пари јас им позајмив, за да им помогнам да ја одгледаат Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И уште нешто се случи, што не можам да го заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како на оние циркуски точки на маѓосникот, кога ќе ни ја донесе водата до усните па ние дури и сладоста ќе и ја почувствуваме иако водата никогаш не втасува до грлото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Им реков дека беа исти и со мојот син Иван во растот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај, иако сум свесен дека станува збор за умешни прелаги јас им се препуштам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние што доаѓаа бараа да ја видат неговата одаја, и неговите шејови, а јас им велам дека во одајата има само една преслека од момчето, другите алиштенца се од мојот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да, јас им ко кажав тоа веднаш штом се вратив од Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И, додека јас им ја пуштам ’Фроузен’ од Мадона, тече модна ревија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас им намачкав и на кравата и на телето...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И Силјан Коларов се одликува со железен крст, ми читаат, а јас им велам, благодарам дека не добив дрвен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мразулците на детството се стопија во сеќавањето и јас им се вратив на своите шеснаесет години. Го зедов сувото грозје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Десно од нив, не многу далеку од сонцето, се протегаше бела дамка на облак. Личеше на неподвижен гривест белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И јас им се подавав со срце и со душа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас им реков дека само ти би можел да ја завршиш како што треба оваа работа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го распрашуваа орелот, Ме распрашуваа мене: Кој го одрони каменот од Месечината, Кој го стопи каменот на Сонцето, Кој ја завири реката со грамада камења и кал, Кој ја скроти молњата во каменот, Кој на каменот си го напишал својот епитаф? 2.2 Го распрашуваа орелот, А јас им го читав мојот епитаф И чувствував како се ронам, Се распаѓам во песок И станувам прашина И станувам пустина.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И јас им бев пак на нишан.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Војна? Не знаев. Јас им припаѓав на своите болни и тебе. Друго не знаев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така ме учеа моите предци, така јас им пренесувам на моите потомци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ама и јас им платив. - Како?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Можеби затоа зашто ние циганите ти живееме од денес за утре, да простиш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И јас им припаѓам на таквите – вели Кадри.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојата домаќинка секогаш ми даваше парче пченкарно лепче, по некое бонбонче, а јас им ги давав на партизаните што лежеа во болницата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие ми ја раскажуваат својата авантура, а јас им велам: „Не, не верувам дека од таа приказна би можело да се направи филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Билетот чини 50 копејки, а јас им земам по 10, по 20 рубли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас им доаѓам како некој што ќе ги изведе и што ќе им го одложи најтешкото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јасас, Елинес исте?72 — Јасу, вели жената, о Ромеа исте?73 — Јас им кажувам и која сум и што сум и кај одам, а жената: какво спиење на станица, ми вели, кај нас ќе дојдеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш јас им го фрлив чукалото колку што можев подалеку и тие му се пуштија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Вчера, пред да тргнеме во вообичаените наши истражувања, јас им предложив на моите да одиме кај разурнатата куќа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Седнавме подалеку да се одмориме, веќе почна да се зазорува па јас им предложив: Другари, кој ги сака овие чизми, ќе му ги дадам за замена за опинци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На игранките доаѓаа некои беќарчиња и бараа да се запознаат со мене, а јас им велев – не ширам познанство.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се почувствував виновна, се зачудив од самата себеси и покрај тоа што бев толку навредена од жената што ме турна, сепак им забранив повеќе да кршат ореви.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Германците почнаа со ракети да нè осветлуваат, одвај се спасивме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие ми даваа од јатките божем мислеле и за мене, но јас им реков дека никако не сакам да земам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оти, тоа што тој го имаше напишано беше многу слично на една моја стара разгледница што јас им ја имав лани пратено дома, кога бев на летување со школо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И за да се уверам, ја пронајдов во фиоките каде што сѐ си чувам за спомен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)