јас (зам.) - кој (зам.)

А јас кој знае колку трчав по неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но само така знаев дека тоа сум јас, јас која грешам и ги исправам грешките, јас која простувам, јас која сакам и се обидувам речиси секогаш да ја кажувам вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кој, те прашувам јас кој може да и ги помати сметките?... Единствено – коњот!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаеш ли ти јас кој сум? Моето име е Кирил, како на светецот наш просветител што ни ја даде азбуката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Што ќе ѝ е да се свитка во својот проголтувачки облик кога на сиот овој бескраен простор не постои ништо друго освен малку јас кој не сум ништо друго само нишка што лебди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А полјакот си го чеша носот и доверливо вели: - Знам јас кој е, знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)