јас (зам.) - неа (зам.)

Она мене, јас неа, да го протугачиме вој бели век ошче некој ден и друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Не, не. Нема веќе јас неа да а гледам како шо а гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја гледам птицата престорена во ноти и наместо јас неа, таа ме погалува мене со неостварените мечти на предците.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
— Море Митра, шо барала нашла, јас неа ни муабет не а права, токо, така, ти a напомни за да те обида да не си врзан за неа та да ни побегниш некој ден пак кај неа — одговори Трајко и станаа, очигледно сите задоволни од разговорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отидоа кај другарите на чешмичето, и во знак на успешно свршена работа, ручаа заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас неа ја наговорив да му пише нему и да му рече оти божем јас сум ѝ на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас неа и на последниот бозаџија би ја дал, ама тебе ми е чест, комши, да знаеш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ми личеше ... Смарагда може да ја растопи душата. Ја љубам јас неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ја познавам јас неа. Уште како кутренце. Мојот збор за неа е закон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како е можно некого кого што толку многу го сакам, како јас неа, да имаш желба да го растажиш, да го повредиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лошо девојче ли сум јас? Кажи ми Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме сакаше многу и јас неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мене мајка ви ме бендиса, а и јас неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
РИСТАЌИ: Молчи си ти, не бери гајле, ќе ја свиткам јас неа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А јас неа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И тоа што се кријам од неа и не сакам да ја видам не значи дека јас неа ја мразам 100 посто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А, онаа Бреза, - додаде, - ја знам јас неа, таа е виновна за се.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да ја видам јас неа кога од џебот ќе извлечам змија, на олкави ќе ѝ пораснат очите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Играта со тоа почнуваше да ме игра мене, а не јас неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не може никој да те сака, а како ли јас неа ја засакав и сè и помагав, а таа мене платното да ми го исфрли.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)