јас (зам.) - нејзе (зам.)

Девојчето беше многу фино и секогаш ми се наоѓаше во пресрет како и јас нејзе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ќе ѝ покажам јас нејзе...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И јас нејзе ѝ дадов сметко-потврди божем од банката каде што тие ги упатувале дневниот пазар за секој ден во месецот и ги вртам датумите на печатот, го удирам за секој ден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Замисли јас нејзе да ѝ ги откријам моите чувства, а таа да е мртва-ладна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, јас нејзе во исто време: - Кај си бе, Ивана, што не ми се јави порано!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ужас! – ги „преврте”, Саше очите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никој тебе ништо не ти рече – го замолча мајка ми – оди си в соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе и дадам јас нејзе шок – пак свика тој. – Таа ака наоколу до полноќ, а после, Ведан е крив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сè така, како глуви да разговараат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја поттргнав малку понастрана и тивко, да не ме чујат другите, ѝ реков: - Чекаш некого?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но таа ми беше драга, а и јас нејзе, и ја чувствував блиска, па ми се стори дека можам да ѝ се обратам отворено и да ја прашам што ѝ се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дека можеби јас нејзе ѝ правам магии? О, глупава јас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да ѝ го ставам јас нејзе јарам Николаќија, та нека мрда после ако може.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Па, таа мене ме вика внучко, а јас нејзе бабо, - тивко, и со наведната глава одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)