јас (зам.) - секој (зам.)

Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас секоја ноќ коленичам и молитвам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас секоја вечер го препишувам словото што е запишано на неа, и секојпат поинаку изгледа словото што го препишувам, со нови значења, и смисла нова добива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имавме една голема круша пред куќата во дворот и јас секое поминување ќе се обесев со рацете на неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас секој ден му ја метев собата и му носев вода да се измие и да се избричи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина беше пролет, Иван беше веќе проодил, а јас секој ден се преоблекував во тие три фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
При секое излегување одев сѐ подалеку, чекорев без цел, како да минувам низ простор во кој не барам ништо, во кој ништо не ме очекува и ништо не очекувам, простор кој едноставно треба да се помине.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас секое утро се симнував по скалите до излезот од зградата, одев до крајот на улицата, и се враќав дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во среда постевме, а леќата се вареше на оган од суви лепешки, кои јас секое утро ги лепев по ѕидот за да се исушат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Накратко, душата ми беше во носот, а јас секое утро морав да кивам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше во најдобрите години, кога доблестите сè уште не почнале да се претвораат во пороци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)