јас (зам.) - сиот (зам.)

И јас сиот се претворив во очи, за да видам што повеќе од она што се прикажуваше за Цинвалд.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А до вчера, до овој миг, јас сето ова го градев и го создавав за вечноста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас сето тоа го доживував како некој друг и знаев само едно -сам сум, никој не ме чека. Сам, со чувство на осаменост и ништо друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира, јас сето ова го знаев од брат ми и со нетрпение чекав да проверам дали е баш така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, до септември имаше уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега, додека размислувам за тетка Боса наеднаш си спомнувам дека јас сето време додека таа зборуваше молчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ништо не реков. Дури и она за кое помислив за момент дека сум го рекол, не е точно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто јас сето тоа да го работам кога на Нерка ѝ плаќаме, наместо нас, таа да работи низ дома?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не го чувствувам продувот. Каде беше?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А јас сето време мислам дека си овде. Зборувам... Зборувам...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас сиот радосен ќе зафатев да бегам како божем да се плашам од неговите рогови.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не попусто ги земам јас сиве овие мерки на претпазливост.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но јас сиот свој живот го поминав без некој увид во поединостите и без стриктна самоконтрола.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега јас сето тоа ќе ви го средам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Докторката вели: - Ова е операционата маса. Ова е скалпел. Ова е вашиот јачмен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)