јас (зам.) - таков (зам.)

А тоа, лошото досадно внуче постојано тоа па тоа: „Раскажи ми та раскажи ми!... “ - Не сум јас таков, јас не сум тоа дете! - наеднаш со плачен глас прозбори Васко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас такви објасненија ниту можам да најдам, ниту да дадам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па после, кога ќе му речам, вели: - Де бе, Гонцо, де бе, Брезичке, ептен ми беше потребна гумичката, а ти не беше тука, инаку, знаеш ти, не сум јас таков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас таква боја добивам само кога сум на летување и откако ќе се печам на плажа повеќе денови, а на Игбал тоа очигледно му беше неговата природна боја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
БАБА АНЧА: И јас такво нешто потчув.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На прашањево на иследникот одговорив делумно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека за жал се случува зборовите да не ги употребиме на вистинско место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Борче тврди дека татко му (ако се налути) е многу опасен, ама јас таков досега уште го немамвидено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Шприцери пијат тие што сакаат да ждригаат, јас таквите не ги трпам. - Добро, голо вино.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа влегов во собата за да му објаснам: - Александар, нешто не е во ред со пенкалото што си го донел од работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговите усни и заби ми се убави и суви, и со храна меѓу нив, и со дамки од никотин, и му ги бакнувам и јас таква, иста како него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Има луѓе, а јас таквите многу ги почитувам, што имаат причини да се фалат, постигнуваат успеси, создаваат вредни дела за општо добро на сите - а не се фалат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)