јас (зам.) - тебе (зам.)

Не, не ти се лутам јас тебе: со безбоен плашт очите ти ги покрив, да не ме гледаш, па те испратив од мене за навек, одвојувајќи те со сенка, посенка од разделбата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еве го од некаде Сатирот. Се смешка, мижурка со тие очиња негови како Ранковиќ додека Тито се прави важен пред народот со тие костумите и прстењето негови и ми вели или знам дека ми вели: - Ме прејде ти мене, ама ако, ќе ти го најдам јас тебе крајот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Хм, си велам, ќе ти покажев јас тебе да не бев умрен и при тоа ми станува смешно од помислата на сите оние движења што за тоа се потребни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Туку - што те прашувам јас тебе!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дошол мене да ми расправа. - Јас тебе ништо нејќам да ти расправам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се погледаа и Рангел задоволно и значајно се потсмевна. - Кој? Јас тебе душицата ти ја знам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Арслан одброи пет лири настрана и му ги покажа со очите. * — Земи, Трајко, твојот пари и чини алав заметот што'собра овој другите, — па одброја уште пет и му ги подаде со рака: — На, земи овие пет лири аирпараси, врати по половина черек на селаните да не се правит некој ќедер на стоката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, учи ти мене, јас тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остави, верувам јас тебе како стар пријател, — му рече Арслан и го праша: — Колку сет твои од овие петстотини?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Сега јас сум крив! А те прашувам јас тебе: виде ли кој почна!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ти да молчиш!“ му се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да, без срце - извика ненадејно Аргир и продолжи брзо, возбудено: - А те прашам јас тебе, Веле, те прашам - кој вистински мајстор не сака да се даде целиот себеси за работата што ја работи?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како ќе сум те приберела јас тебе така?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа јас тебе не ти се лутам што сакаше да ме исплашиш. Ама ти самиот се исплаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Што лошо сум ти сторила јас тебе? Што лошо ти стори човекот мој? Што кабает ни најде. Та мене, та нему...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А јас тебе ќе ти нацртам нешто смешно.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Тој палјачо не е сенка, - рече Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
„Што ѝ да речеш јас тебе не можам да ти се налутам, Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти се колнам дека и јас тебе ќе те убиев во првата година од нашиот брак ако поверував во такво нешто за тебе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дил: јас тебе верна ко пес, ти мене најдобриот кучешки пријател.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Не можам да ти опишам какво мачење за мене беше претходното излегување“, рече таа, гледајќи во својот сладолед од чоколада и мока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ќе ти се јавам“, рече таа. „Важи“, реков и ѝ ја упатив својата најширока насмевка. „И јас тебе ќе ти се јавам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
При втората средба се запознавме подобро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море ќе те откорнам јас тебе оттука, семката твоја!“ пламна Профим и со мотиката го удри Грдана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Па јас тебе те познавам, човеку, срдечно рече. - Те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
НИКОЛАЌИ: Добро, бре куме, не ти го кршам јас тебе ќефот. (пее).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа не беше сакање. Јас тебе никогаш не те сакав Денице.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Замисли, дека ти ме сакаш, а јас тебе не ..., Само замисли, ти велам!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми вели „Ќе ти ја скинам јас тебе проклетата глава ако ми се правиш важен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или јас тебе ти пречам да работиш, Аљоша?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Не те прашувам јас тебе тоа, ами што да купам како закуска?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: А јас тебе ти велам остави ме!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Не те оценувам јас тебе вака, туку сите вака те оценуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас тебе су ти ногу борч и сакам ваа вечер малку да ти се одборча, — и посегна во пазамарката, та извади една пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Те познавам јас тебе, Сталко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И одговори на Анѓа. – Па сите девојчиња знаат дека јас тебе те сакам, само како те сакам. – Како сестра – побрза Анѓа да ја доврши неговата мисла.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ем да четеш, ем да плачеш... (Со последните стнхови печалбарите тргнуваат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дали ќе жалиш, млада младнно? Дали ќе ме плачеш како јас тебе?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Будалче! Кај те давај јас тебе за него...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Како накиснат ми изгледаш“, на шега му рече мајсторот Ратко. „Ти кажав јас тебе...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шишман се заврати еден чекор назад, Љаке сега, дека ослободен, скокна на нозе, му се пушти на Шишмана: - Мајче ќе ти плачам јас тебе, - рече побеснето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Сега ме тераш јас тебе да те учам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Херк Jonhson во последното делче од последната секунда го постигнува победничкиот кош, а Меги Lopez толку добро рапува, нишајќи го згодниот задник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еве, како јас тебе што ти простувам...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Фала, комшија ... Ние треба да се заштиштаваме... Денес ја тебе, утре ти мене...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Пули, да видиш... зошто, да те прашам јас тебе, народот не испеа такви песни за туѓите војски, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Општа смеа и во неа се слушна гласна закана: - Ако ти ја пернам една преку очи, ќе ти кажам јас тебе лепешка!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А јас тебе нешто да те прашам... - се огласи некој од ќошот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ГАВРИЛ: Ти сепак ме мразиш повеќе одошто јас тебе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Немам јас тебе што да ти се шишам. БОРИС: Има да се шишаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И јас тебе те сакам до небото и до ѕвездите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ама, јас тебе најмногу од сите те сакам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По многу време, учејќи дека уните не се надеваат, осознавајќи дека позанимлив станува разговорот порекинат од ветрот – почиста станува и мислата: никогаш нема да се возобнови ништо што не било меѓу нас: заборавот ќе нè заобиколи, прозорците ќе се затворат сами, а ти, скриена во некој збор, одново ќе се покажеш зашто јас не те измислувам – јас тебе те откривам: ведро ѕвездена вода за еден жеден човек до век!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
„Мамето твое големџиско“, си рече тој, „ќе те сардисам јас тебе од сите страни, па мајка Јана да ти е!“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- И јас тебе, малечка моја будалетинко – ме бакна тој уште еднаш, и додаде: - Оди сега кај тато, пред да си легнеш и смири го малку, многу беше вознемирен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бато, повторував, дали ти знаеш дека јас тебе многу те сакам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали знаеш колку е глупав, и празен, и тажен животот без тебе?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Лажеш, лажеш – врескаше тој и ми се закануваше со рака. – Ти ми имаш пребарувано, те познавам јас тебе добро!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и во полиција се јавуваше да прашува дали се случила некоја сообраќајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Изгледа тоа што го испив јас тебе ти го помати умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Штом огрее ден ќе ме втаса крај мирната река: „Поведи ме во Boulogne i Vincennes, столетија јас тебе те чекам."
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)