јас (зам.) - тој (зам.)

Ни за буна знам, ни за нишчо. Си го направил некој ќевот, ме накодошил да ме страмите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој е тој што ќе кревал буна против царот; кабул не го права јас тој страм.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седевме јас тој на клупата, ме држеше за раце и ми зборуваше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пиерот: Не бев јас тој што го започна сево ова.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И да нема забуна: си ја носам гордо таа пругаста униформа, бидејќи јас тој лицемерен суд ниту го фермам ниту го признавам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го слушам јас тој молк твој што коле, тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие на твојата снага на твоето голо тело.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Текстот почнуваше вообичено за ваквите жизнеписанија. Јас тој и тој и така натаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само за да ни ја покажел неговата машка гордост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)