јас (зам.) - ѝ (зам.)

А не ми ги дава. Немам, ми вели, стегајќи го купчето банкноти што јас ѝ го давам во нејзината дупната рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како можам да мислам дека баџанакот веќе ѝ го сторил на жена ми она што јас ѝ го мислам на жена му.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас ѝ велев дека ќе седнеме заедно и ќе составиме некакво писание, па понатаму ќе видиме дали и како ќе го објавиме, кога јас ќе имам малку повеќе време.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас ѝ ветив дека ќе објавиме книга. Ние двете заедно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас ѝ го скратував животот веројатно секој ден по малку, несвесна дека го правам тоа со моето однесување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еден син ми загина за Бугарија. Другите двајца сега ѝ служат на Бугарија. И јас ѝ служам на Бугарија. Да!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ташко прв тргна накај куќата. Притисна на ѕвончето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сторивме. И јас ѝ напишав писмо исполнето со почит и љубов.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ни се пристори цела вечност додека стоевме пред затворената влезна врата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И јас ѝ бев најфанатичниот поклоник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа таа ме прашуваше каде е мама. Јас ѝ реков дека е на пазар. А таа неколку пати силно извика Пазар! Пазар!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ми се јави една тетка и јас ѝ кажав дека сум гладен а лебот изгорел в тава.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Баба ми ме испули, ама не ѝ текнува, и јас ѝ велам: "Бабо!...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А пак јас ѝ велам: „Ќе го чекам Пандета абер да донесе“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во моите списи, јас ѝ се спротивставив на мултикултуристичката замисла дека можете хармонично споите неодреден број на култури во еден убав мозаик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Змијата ме прашува, јас ѝ одговарам, велеше баба Ристосија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А само што стигнаа со брза пошта од странство оние скапите за живот потаму,а јас ѝ ја донесов онаа руска марама за врз капут што се нагрнува, со два големи сончогледи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас ѝ ги подринувам лепешките, скубнувам слама од кошот и ѝ фрлам во јаслите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капинка ме прашува зошто го врзувам, кај ќе го водам, а јас ѝ давам ишарети да молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ѝ велам: ќе се здавам со кучињата и искината ќе им ја земам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш тоа пред себеси го оправдувавме во името на професијата, но сè повеќе ни стануваше јасно дека токму тоа нè оддалечи од професијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И јас ѝ простував за сè што таа правеше за истата цел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А јас ѝ велам: – Граѓанко драга, среќата не е во парите. Извинете на изразот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во својата работилница, која ги опфаќаше двете простории во визбата, Парацелзус го замоли својот Бог, својот неопределен Бог, кој било Бог, да му прати ученик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ме напушта, јас ѝ простувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Плачот на времето ја оплодува осамата, безпоштедност и нечуен восклик, а јас, јас ѝ се смеам на насмевката и на смртта која доаѓаше непоканета со својата мирна совест.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И јас ѝ платив да ги исчисти од мене гревовите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Знаеш, мене оваа земја ме примила како свој и јас ѝ должам длабока благодарност.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И тогаш јас ѝ ја пуштив раката одзади, ја запрегнав и се стори што се стори, господи прости ми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали се одрекуваш од него? Се одрекувам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Јас ѝ ветив дека ќе направам сѐ за да се одречам од тебе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
По спомнатата расправија, откако бев истерал добар дел од првиот сон, Катерина ме беше разбудила. Притоа се чинеше дека плаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, срамно е тоа и да се помисли но мојата Катерина како да посакуваше одвреме-навреме да види како јас ѝ подавам некои големи незаменливи права на златен послужавник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас ѝ реков: Босилке, твое е да пробаш, и ако не ти се допаѓа ни за момент не се стеснувај, веднаш повикај ме и јас ќе те заменам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Надежда Петрова ми ги турка парите, а јас ѝ ги враќам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ѝ припаѓам на оваа партија, вели, и ако е потребно ќе одам да се борам и на Пелопонез, а не само овдека, во Егејска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера Поточка мие садови, а јас ѝ велам да ги препомине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ѝ го фатив ножот и гргна крв, ми се наполни раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќерка ми ме прашува а јас ѝ одговарам: „Тато кој купи месечината?“ – „Небото, злато.“ „А кој купи небото?“ – „Мртвите поети, злато.“
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога отидоа на погреб јас ѝ реков на баба ми Санда: - Тие се лажговци.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ми намигна, а јас ѝ се стрчав, и силно, најсилно, ја прегрнав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ѝ раскажував на тета сѐ за моите девојки, за тепачката кај Чешмиче, за мојот необичен другар Абраш, а таа внимателно и со многу големо љубопитство ме слушаше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас ѝ купив,- продолжи црнокосиот на кого што името многу му одговараше, - а, таа за да му се заблагодари ме покани дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Некогаш се каравме со Цвета, јас ѝ велев дека мојата мајка е поубава а таа ќе речеше: Мојата има поубав фустан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ПОЗДРАВ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ Се поздравив со сестра ми Љубица, а таа се расплака и ми рече: Миле, да дојдеш да ме земеш и мене, па јас ѝ ветив и така поминав покрај куќата на тетка ми Тала, сестра ѝ на мојата мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие ја затвориле вратата и цело време си кршеле ореви.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Жената ме молеше да им речам на борците да не кршат повеќе ореви, а јас ѝ реков: Бабо, не грижи се, сега ќе им речам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно време таа дојде од некаде и ми рече: Миле, зошто толку плачеш, јас ѝ реков грубо – за ништо, а таа седна до мене и ме натера да ѝ кажам зошто плачам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, дали знаеш дека со сребрениот прстен со две испреплетени змии кобри јас ѝ го подарив на мајка ти кога се разделувавме?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми рече дека тебе ќе ти го подари кога ќе пораснеш, а јас ѝ објаснив дека, ако стори така, тоа ќе значи дека ние двајцата еден ден сигурно ќе се сретнеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)