јас (зам.) - кон (предл.)

Погледнувам и јас кон пенџерето, се лажам. А таму само неколку лисја од лозницата се чулат ко уши од теле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти, мое Сонце кое мене ме гледаш и ми се смешкаш детски наивно, јас кон тебе се вртам....
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ми покажува нешто кон небото. Кон едно развласено облаче, плукнато над ливадите Баѕернички. Гледам јас кон небото, па гледам во Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)