јас (зам.) - кутар (прид.)

Останав, јас кутрата, без рака... Во Лерин ме ранија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ами како да не правам така, како да не плачам, јас кутриот, сакатиот - липти тој - како ли, како да не плачам, јас несреќникот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Издишна: - Ах, од каде ќе знам јас кутрата, кога сум ќора, кога не гледам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А јас кутриот, бев готов уште да им речам дека Сталин заврши како еден од најголемите диктатори во светот, носи милиони, милио­ни невини животи на душа, на времето дури и склучи пакт со Хитлер, установи концентрациони логори, познатите Гулази, размести народи, забрани вери, промени азбуки на народи употребувани со векови...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа ќе најдам сладок балсам .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)