јас (зам.) - веднаш (прил.)

Јас веднаш решив со себе, само ако можам, да му ја преотмам на Миќо, а на ниедна од другите ни око да не свртувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаа пророчки особини, беа добри реформисти, имаа своја сопствена дисциплина, и беа анархисти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но јас веднаш сфатив дека самиот Бојс, како човек и како уметник ги содржи сите овие квалитети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зашто јас него кога го зедов, кога му дојдов во куќата жена и домаќинка да му бидам, јас веднаш си го легнав умот на брашното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас веднаш прифатив, макар што А.А. со послед­ните зборови сакаше да му даде крај на разговорот во като­личкиот павилјон: - Современикот на Бајрон, Т.С.Иг, ќе е појасен:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас веднаш не можев а да не реагирам: - Што сте читале?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Црнците прашаа: - Окак? Тоа на нивен јазик значеше „како“ и јас веднаш нацртав крокодил и она што е најважно, а да не е ни пушка, ни топ, ни голем ѕид.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но таа имаше строг нос и јас веднаш се повлеков до ѕидот на нејзината куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако гарантирате, јас веднаш ќе ги ослободам лицата за кои вие се интересирате!“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
” ми рече и ми се пикна в лице, а јас веднаш излегов од кожа зашто многу мразев кога некој нема осет за одстојание.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А ти? Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш ѝ приоѓав на гитарата што висеше на ѕидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги ѕидовите, но сето тоа беше лошо, сето тоа беше втора сорта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнав да го уредувам списанието “Бајонет”, што во Харков имаше огромен успех и сосема ја напуштив работата...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Погледни го Серјожа, - тажно ми велеше мајка ми, - момчето работи, ја заслужува љубовта на раководството, знае да разговара, слободно се однесува во друштво, свири гитара, пее.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само што ја отворив устата и почнав непристрасно да раскажувам, во очите на моите слушатели засветкаа толку весели искрички, што јас веднаш се навредив и смолкнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Грчевито пишував, цртав карикатури, редактирав и корегирав и на деветтиот број стигнав дотаму, што генерал-гувернерот на градот, Пешков ме казни со пет стотини рубли, мечтаејќи дека јас веднаш ќе ги исплатам од мојот џеб.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зашто, штом само го пречекорите прагот и излезете надвор, тие во хор ќе ве прогласат за лажго. Заради вашата најчиста вистина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како да е тука зад меѓата, па јас веднаш ќе можам да му кажам. 97
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само да си спомнам за својот тогашен речник, проклет да бидам, јас веднаш почнувам да се потам, душава ми црвени од срамои.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само кажете што е тоа и јас веднаш ќе признаам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ТРОШЧЕЈКИН: Да, јас веднаш. (Истрчува налево.) Околу три секунди Љуба останува сама.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој продавачот многу крадеше од продавницата. Без исав, и затоа кога ми дојде мене еден од тие агентите да ме праша да не знам нешто за таа кражба, јас веднаш му реков оти што Коле ги украде и некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колегата Вртанов и понатаму беше потонат во хартиите но околу неговите усни кружеше злочестото облаче на насмевката што јас веднаш можев да ја сместам помеѓу оние, одмаздничките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Без да гледа во лисичето, му рече: - Ајде ти првин влези во водата, па јас веднаш по тебе...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јас веднаш си помислив дека дедо пак ќе почне да раскажува за Америка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас забележав како од едно мало ритче доаѓаат тројца, Цвета се исплаши и ми рече убаво да се скриеме, а јас веднаш ги препознав тројцата: шнајдерот Мане со другарите Трајче и Милан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веднаш ми стана сомнително.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Штом баба ми отиде, јас веднаш сакав да ја спасам мајка ми – сигурно ме чека, си помислив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас веднаш како санитарка му ја преврзав раката, а тој ми рече: Сега, нема ли да ми кажеш дека ме сакаш, а јас му одговорив: Ќе се земеме ако останеме живи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко му остана да се одмори, а јас веднаш се јавив во штабот на баталјонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми ќе си зборува, јас ќе кимам со главата, потоа ќе оди да си легне по ручекот, а јас веднаш ќе го вклучам телевизорот. Многу просто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оди легни си – ми шепна мајка ми – а јас веднаш ќе дојдам да те заспијам. Ѝ бев благодарна за нејзината нежност, а најмногу од сè што ми рече дека ќе дојде “да ме заспие”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)