јас (зам.) - воопшто (прил.)

- Ама јас воопшто не ни бев, збунето му одговорив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако вие модерното го дефинирате како фрагментарно, фрагментирано, експлодирано, растворено, значи како руина на тоталитетот, тогаш она што го велам јас воопшто не е модерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Татко ми постојано влечка нови и нови, иако му е јасно дека јас воопшто не го сакам афрото.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од друга страна: јас воопшто немав никаков контакт со Јан Лудвик, починатиот, за сите овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, деца, јас воопшто не се изненадив од тој одговор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Јас воопшто не ги поднесувам твоите колеги.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значајно место одвоив и за заедничкото летување со родителите на Црното Море во Варна, за кое тие рекоа дека им е „прв, втор, десетти и последен пат во животот“, а јас воопшто не се согласував со нив, зашто ние со Бреза таму се чувствувавме како да сме деца на најбогатиот човек на светот: сè што ќе посакавме добивавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најчудно беше тоа што јас воопшто не ги слушав, а тие убаво се разбраа меѓу себе отворајќи ги и затворајќи ги усните, само без глас, како артистите од немите филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не сакам да ме разберете погрешно, јас воопшто не верувам дека во вашиот случај станува збор за таков вид пропуст“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Произлегуваше како јас воопшто да не сум влегол во канцеларијава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не, деца, јас воопшто не се изненадив од тој одговор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)