јас (зам.) - денес (прил.)

Затоа јас денес и утре и некој ден повеќе, ќе ве научам да стрелате или ако сакате да убивате, а други ќе ве научат да се криете, да фрлате рачни гранати, да трчате, да поздравувате и отпоздравувате војнички, да копате ровови, да преврзувате рани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе избришете се и тогаш ќе ви остане гола среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сето тоа јас денес можам да го претставам и произведам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Така и јас денес: седам пред компјутер, прелистувам туѓи биографии на Интернет, па се нервирам како на разни Ојлевци и Дојлевци им течат мед и млеко додека мене ми цури животот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Луцијо, јас денес те видов“. „И јас те видов“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас денес те видов во џипот на Фискултурецот“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој мој деденце е виновен за она што сум јас денес.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не, јас денес апсолутно не сум способна за такви разговори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЕЛЕОНОРА ШНАП: Кога јас денес разбрав, тоа навистина плеснав со рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само, јас денес имам 66 години, осакатен сум 75 проценти.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Одам јас денес во самопослуга и ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ја видов ѝ пријдов и ја разбудив а таа со плачење ми кажуваше: Миле, јас денес се испокарав со снаата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)