јас (зам.) - дотогаш (прил.)

Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беа седнати на подот со вкрстени нозе, а до нив испружена на подот лежеше девојката Диана од Австрија, како што ми рече Ангела предходно дека таа ќе биде тука, а јас дотогаш ја немав видено.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беа тоа фигури на птици, животни, пејзажи, пеперутки, цвекиња и плодови какви што јас дотогаш немав видено, во разни бои и во најразновидни облици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А јас дотогаш не знаев колку многу сум го сакала Даниел и колку сум му потребна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Моето љубопитство, кое во тие мигови не можеше да биде задоволено, полека преминуваше во вознемиреност поттикната од фактот дека прашањата што ми беа упатувани од истражителите често одеа подалеку од она што јас дотогаш го имав кажано, а упатуваа кон нешта што беа веродостојни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На неговото лице беше одразено се она што со векови му се случувало на човештвото и јас дотогаш не бев видела човек со толку брчки на челото и толку болка во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)