јас (зам.) - навистина (прил.)

„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ама, Хана, не се возбудувај, те молам, јас навистина не мислам да те вознемирувам, па ова е само детска игра, мантика, еден вид социјална забава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во Сан Франциско сето тоа се претвора во некои „повисоки причини” и сето тоа е толку здодевно... може многу да се каже и на сметка на хард-кор дегените од Њујорк, но после еден ден поминат во Сан Франциско сфаќаш колку се тие непретенциозни и забавни...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, она по што јас навистина жалам е добриот стар алкохолизам...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, јас навистина имам „идентитет”, којшто има висока цена во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стрипот со неа за прв пат се доближи до книжевноста и мислам дека е на пат нешто навистина 126 Margina #22 [1995] | okno.mk ново.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа не го сфаќав значењето и на зборчето речиси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи единствениот заклучок што може да се изведе во овој момент останува оној, изнесен уште при првото испитување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А ти од тие скришни места ми носиш подароци?”, го задевав јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас навистина се зачудив. Не гледав никаква разлика помеѓу она колкав бев поминатиот ден, и колкав ќе се разбудам уште утре".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кожинката тврди дека и во оние разговори, од кои не се водени службени белешки, момчето ги повторувало податоците изнесени во официјализираните изјави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас навистина го разбирам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не прозвучи суетно но јас навистина сметав дека и во крутите околности на системот постојат прифатливи решенија за онаа личност која ќе соумее да се постави така за да може да се придвижи и надвор од правилата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И јас навистина си замислував дека грубоста, налутеноста а подоцна и страсната лакомост нему му случеше само за будење на поспаниот извршител на гревот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, и за мене неочекувано, јас навистина созревав создавајќи полека однос спрема своите врсници и спрема сите сиви луѓе од улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Говореше доста неповрзано, господин судија, и јас навистина не знам на што се должеше тоа; изгледаше необично возбуден; не, не беше пијан, во тоа сум убедена; беше само возбуден; кога му реков дека е возбуден, тој рече: „Да, се разбира; знаеш ли што значи по толку години да се најдеш под вистинско небо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Е, ама сега најнормално би било да се прашаш: „Која сум јас навистина?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби јас навистина сум ѓаволот или пак, како што најчесто имам дарба, сум камелеон.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„ Всушност, јас навистина сум токму таква сорта на девојка каква што изгледам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А како сметате вие, сер, - ако јас навистина утре тргнам, можеби ќе треба да се гримирам?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
11. Си реков дојде време за отпочин од многу сонување Време е да се протријат очите И да се касне некое резне јаве Преполно со коалољубци (и кенгурољубци) од сите земји Кога ќе видам што ќе видам Лично Папата Бенедикт Шеснаесетти Да ми ти дошол во Австралија и лично тој ми пружи рака Вели одамна сакал да се сретне баш со мене (Вели дека сум Божји ротвајлер и јас навистина не го разбрав тоа) Вели многу го интересирале моите соништа И малку се попари кога веднаш му кажав Наместо добредојде му кажав дека за моите сонови Сум во постојана комуникација со еден поет од Македонија Ох Македонија рече Папата никогаш не сум бил во Македонија Иако тоа е само еден саат летање од Ватикан Никогаш никој и не ме поканил во Македонија А во животот на еден Папа многу е важно да не оди неканет на гости Сум читал многу за Македонија додаде Папата Светиот апостол Павле на пример пишува „Кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; Во сѐ бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв.“
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Единствен проблем е... не е проблем, ама... заправо, јас навистина не се сеќавам дека сум испратил некаква понуда за соработка до Џиги Миги Ентертејнмент.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но само како лута резерва – се расприкажал мојот млад пријател а јас навистина не знам каде завршуваат неговите сериозни размисли а каде почнува импровизацијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ти добро знаеш, миличок, јас навистина немам ништо против птиците, само да не ми се премногу близу.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не, јас навистина тврдам дека неговата несреќа воопшто не беше крик на повредена суета. (Мислам дека и премногу се манипулира со суетноста на уметниците и со горчините што нејзиното неконтролирано разлевање ги создава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почнавме интересен разговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас навистина сакам уште еднаш да се сретнам со Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи себеси се сметав судбински поврзан со земјата и со чекорењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу бев далеку од значењата што ги наслутував во нејзините зборови, во погледот, во однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас навистина сметам дека е потребно понекои од проблемите што се јауваат да му се препуштат на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Колку ми е тешко да те гледам ваков - рече, но јас навистина не ја сфаќав потиштеноста со која го кажуваше ова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Попладнето, денот кога паѓаа бомбите, воопшто не му проговорив, а и утрото, пред да замине, молчев и збирав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: „Јас навистина имам потешкотии, а никој не сака да го сфати тоа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас навистина му бев лута.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не го најдовме, а ни здосади барањето, па на нејзин предлог оставивме Фрањо сам да се снаоѓа и сам да реши кога и дали ќе се враќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас ѝ раскажував за селото на Игбал и за сето тоа што го видов и што го доживеав кога бев со него на килимот, ама таа мислеше дека моето раскажување е дел од нашето измислено патување и на крај памет не ѝ паѓаше дека јас навистина сум била таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прости ми поради ова, но јас навистина мислам така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниту збор не измислив и не ги излажав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што има врска тоа, јас навистина го сакам – продолжуваше таа да ѕирка насекаде по дома. – Ќе го најдеме, ќе видиш – беше сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нема врска Снеже – реков – јас навистина се плашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вреди ли за еден велосипед толку многу голем ризик?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако изгледаше дека воопшто не се сомнева во вистиноста на мојата приказна: - Згоден тој твој Игбал? - ме праша сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)