јас (зам.) - најмногу (прил.)

На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(„1969. почнавме да ги монтираме филмовите. Но, дури и кога се во прашање нашите филмови, јас најмногу ги сакам остатоците. Исфрлените кадри се прекрасни. Скрупулозно ги чувам“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас сум вдовицата која ја пушта последната, најпоследната пара во сандучето црковно, јас најмногу давам затоа што дадов сѐ што имам, мој дар е најголем... тмочислен е мојот дар!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие актери и режисери, а јас најмногу сум се вдлабил во рабо­тата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
"Па, значи јас најмногу сум се дотерувала за тебе, најмил мој".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- „Мојата мајка знае да расакажува прекрасни приказни, со мене разговара како да ми е другарка и јас најмногу од сѐ ја сакам „Васината торта“ што таа ја приготвува за Новогодишните празници.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас најмногу заради неговата сила, а Саше заради кафеаната во која тој веројатно, да е сопственост на татко му Филе, по цел ден би подготвувал претстави.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа, јас најмногу за себе се прашувам, и колку да барам и да пребарувам, не можам да најдам друго освен...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако сакате да знаете, јас најмногу предлагав црквата да биде племна за колективот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога сака мајка ми даме пофали, ќе рече дека јас најмногу сум ја заштедувал куќата во обување: не сум трошел пати за опинци и чевли.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога се почувствува дека ѝ нема спас, само жално ќе ме погледнеше, мене ми се чинеше дека таа знаеше дека јас најмногу ја сакав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)