јас (зам.) - некогаш (прил.)

И јас некогаш бев безгрижно, бестрашно чавче, кое сакаш да го допре работ на хоризонтот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ќе доживеам ли јас некогаш да го видам светот? – ја прашав неочекувано.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Секако – одговори таа мирно. - Постојано го слушам истиот одговор – негодував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира, тоа сосем се заборави и еве мојата мадам се навредуваше, кога јас некогаш на шега ќе ѝ напомнев...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Еве ја сега... без пареа, без здив.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
МИШКО: И јас некогаш сакав.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Има луѓе кои ги доживуваат другите како нестварни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои, па сега се распаѓа соочено со реалноста, и многу нешта ги доживува обездушени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас некогаш ќе погледнам набрзина: снегот свети, ама свети со црна светлина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)