јас (зам.) - никогаш (прил.)

Како до Вевчани или како во Тетово, ама не можам да знам точно каде зошто јас никогаш во животот не сум бил ни во Вевчани ни во Тетово.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дека има многу подлабоки содржини, ама желбата на Ласа за бурма никогаш не згасна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа, пак, сега благодарејќи на ракописот што таа го остави и од кој јас се обидувам да составам целина, а да не ја посрамотам мајка ми, ја сваќам иронијата... (Додека ги прередував работите во собата на мајка ми..... ја најдов Небеска..., посветата гласи: „Филип ти пожелува што побргу да оздравиш, а јас никогаш повеќе да не се разболуваш!“)
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа нејзина желба за венчаница, да бидам искрена, никогаш не ја разбрав, затоа што јас никогаш не сакав ниту свадби ниту раскошен невестински фустан.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Значи, јас никогаш немав разбирање за хрватската литература и традиција, па и не е никакво чудо што моите идеи не се прифаќаат во нивното опкружување, меѓу таканаречената хрватска интелигенција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За разлика од Антон Чехов, Ернест Хемингвеј, Ралф Елисон и дру­гите скрибомани кои се премногу бројни за да ги наведам, јас никогаш не сум загубил ракопис (Загубен оригинал, или „Мајка на книгата” е тради­ција стара колку и пишувањето, која на Исток ја одразуваат загубените шест седмини на Ката Сарит Сагара, или Морињата приказни, а на Запад веќе споменатите две седмини од она што оттогаш е познато како Петокнижие), ниту свој ниту било чии од мојот четиридецениски товар студенти.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вие, господине Бузони, ме опсервирате како „андерграунд-гуру“, но верувајте ми, јас никогаш не сум се чувствувал како некој што би можел да врши една таква хипнотичка инфлуенца врз масите, па макар и да се работи за една таква „елитна“ маса каков што е андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Не, не спијам, - одговори куклата. - Јас никогаш не спијам. Моите очи секогаш се отворени.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас никогаш и никаде од дома не излегувам. Од здравствени причини.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Успехот на зборот деконструкција без сомневање мора да се сведе на фактот дека деконструкцијата очигледно била почувствувана како антиструктурализам или постструктурализам, како што често се вели во САД. Јас никогаш не го употребив тој збор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ти ме погледна како да беше тажно тоа што јас никогаш нема да сфатам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Колку што ние знаеме,“ рече ти „можеби доживеала свој триумф!“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 186
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби сѐ навистина заврши таа ноќ кога јас почуствував дека тукушто започнувавме, оној пат на плажата во летото помеѓу средно и факултет кога нашите тела се судрија толку очајнички што за миг помислив дека го сторивме тоа, а можеби во срцата и го сторивме, иако за мене во тоа време онадувањето во срцето баш и не се важеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
4. Кога еднаш надвор од природата ќе бидам, јас никогаш В тело од природни нешта нема да се најдам Туку во облик кој златарите грчки го прават Од ковано злато и емајл златен За со нив сонливиот цар да го држат буден; Или на златна гранка ќе им пеам седнат На господата и дамите од Визант За она што минало, минува или доаѓа. (В.Б. Јејтс – „Едрење во Византија“)
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еве, на пример, јас никогаш не би го укинал изборот за песна за Евровизија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од причини на целосна безбедност јас никогаш не палев светло иако потиснувањето на желбата да притиснам на прекинувачот многу често и мошне лесно ме доведуваше до лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се удира по гради и вика: „Јас не сакам војна со Србија, јас никогаш не исках војна со Србија, вика, јас сум за Стамболиски, И теј нататак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти, со тие твои преблаги зборчиња, просто ме омајваш и јас никогаш не можам, што се вели зборот, ни во сонот да помислам на друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа „и така натаму” беше карактеристична додавка во завршницата на секое кажување на мојот началник и јас никогаш на тоа не му придавав значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа знаеше да го прави тоа, сочувствувајќи со мојата несреќа (јас никогаш за ситуацијата во која бев не го употребив зборот несреќа, тоа еднаш го рече Деница и таа беше во право).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас никогаш не размислував околу тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не, јас никогаш нема да бидам како хрватската поетеса В. којашто подмолното и неорганизирано ѓубре после многу години конечно ја избрка од нејзиниот сопствен стан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пупи Паф. Врати се со твоите нови пријатели во Шумшул- град и потоа, откако ќе ја прославите победата, Побрзај кон Пупифанија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Можеби. Но јас никогаш не сум копнеел по дијаманти, Моето богатство се моите доживувања. - Овие доживувања – денешниве?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама јас никогаш не се откажав од Тебе...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ЉУБА: Драги мој, јас никогаш и не сум те сакала.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: А она “трговка” јас никогаш нема да ти го простам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога бев млад војник, ми побараа да возам камион, а јас никогаш немав возено ниту автомобил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Една година подоцна, некој ни кажа дека го видел во Сан Франциско, но јас никогаш повеќе не го видов, ниту слушнав, освен онаа порака која ја остави на ѕидот кога излезе онаа ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гестаповецот имаше соба некаде горе на катот каде што јас никогаш не се имав искачено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Синот се врати со цена, ама јас никогаш тој ситниш не ти го дадов“, рече широкообрзестиот свртувајќи се кон Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се викаше Марија, втората како и првата, а јас никогаш не ја викав на име, како да беше безимена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Превезот на темнината бавно и еднолично се лулееше на нејзината снага и само еднаш или двапати ѝ ги подоткри малите боси стапала по кои како да се беше нафатил румениот прав на залезот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Навистина, можете да се смеете, но јас никогаш не го изневерувам она што еднаш вистински ќе го почувствувам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Атеист или не (јас никогаш не сметав дека тој е атеист повеќе одошто Алберт Швајцер или Пол Тилих), татко ми беше еден од најпрофинетите духови што ги имав сретнато.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен за татко му, јас никогаш го немав чуено да прозбори нешто против некого.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но не сметав дека тој го заборавил татко му, како што тој сметаше, заради тоа што го сторил на мајка му доведувајќи ја до состојба на „нервозна руина”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас никогаш не верував во Хитлер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас никогаш не сум била тука, иако сум родена скопјанка!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако почнеше да грми силно, а бидејќи баба ми нѐ учеше дека дедо Господ кара некого кој греши, јас никогаш, до голема, не се плашев од гром, зашто мислев дека ништо не сум згрешила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Еве, например”, рече тој, „јас никогаш не ги оправдував оние глупави крстоносни походи благословени, божем, од папата, кои цели двеста години се упатуваа со своите војски кон Ерусалим, за да го ослободат од муслиманската власт.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти знаеш, и до сега така било, и секогаш така ќе остане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба да ми веруваш, јас никогаш нема да бидам далеку од тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И ти мене ми пречиш, - рече другото. - Ни јас никогаш не можам од тебе да видам што има на таа страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)