јас (зам.) - одвај (прил.)

Последните зборови на Владе јас одвај ги слушнав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога излегуваме со Кети на купување, јас одвај чекам да се вратам овде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во секој случај, тогаш, нејзините возвратени погледи и насмевки мене ми делуваа и мислам дека и беа охрабрувачки така што јас одвај чекав да имам повод пак да одам кај Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Би сакал уште многу да ви пишувам ама и јас одвај се борам со овој мал простор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ве сакам. Bye! You miss me!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми ги подава јаболката, а јас одвај ги задржувам солзите да не ги пуштам да ми се видат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас одвај чекав да стигнам дома и да му се пофалам на татко ми за тепачката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како секогаш - најгласен беше Љупчо, кажуваше вицеви и сите се смееја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А јас одвај чекав да стасаме до Сарај и да се откачам од Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И додека таа еднолично дрдореше, јас ги слушав веселите викотници на моите другари откај задните седишта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)