јас (зам.) - одеднаш (прил.)

На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ТЕТИН ПОЛ: Денес, ви велам, сосем неочекувано за мене, јас одеднаш видов, дека едно лице излезе од ресторанот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)