јас (зам.) - повторно (прил.)

Од време на време ние се состануваме, и јас повторно го наполнувам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Господе! - изговори со шепот. - Јас повторно сонувам, но овој пат со отворени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакаше уште на почетокот да ме прекине, но не беше сигурен дека јас повторно толку многу ќе зборувам, па ме остави.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас повторно, плачејќи на глас и со солзи тргнав по татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но логотетот замина, Лествичникот остана со подадени раце кон него, на коленици клекнат, и јас повторно, во тој миг во чевелот негов видов, оти ризата му беше над глуждот: клуч златен од тезгата на трговецот од Дамаск.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мирисот, таа неубава миризба полека ја носи северниот ветрец, а јас повторно сум сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Поминаа повеќе од две години од настаните, кога јас повторно се најдов на висот спроти Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Песна со чувства живи, потоци брзи низ котлини белосиви, потрага по зборови некажани тешки, вплетени во буици брзи кои создаваат песни, лавина од чувства во неколку минути живот создава, љубов дава, јас повторно се раѓам, тоа душата ново раѓање слави.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)