јас (зам.) - понекогаш (прил.)

- Е, токму така! И така ќе биде. Сакам и јас понекогаш да се „откачам“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И јас понекогаш наминувам на кратко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сме со неа исто друштво, таа си има свое, а јас свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Смееш – одговорив, иако знаев дека брат ми ќе збесне од лутина кога ќе види, бидејќи атласот е негов, но го користам и јас понекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа долго патувавме со помош на црвените линии што ги исцртувавме од место до место, од град до град, преку планини, мориња и океани. Каде сѐ не бевме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тој, како и јас понекогаш, веруваше дека прикаските имаат магиска моќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Бегал гладен, бегал жеден секој, не е момчак еден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знам дека и јас понекогаш морам да ја изгаснам жедта, инаку ќе се претворам во сува земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И јас понекогаш донесувам избрзани судови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Моите другарки косите ги стрижеа, а јас понекогаш ќе ја расплетев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас понекогаш ќе си отворам разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)